Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ahmedovski ulici08.11.2018  Со пробивањето и подготовките за асфалтирање на улиците „Славчо Стојменски “ и „Поп Арсов Блаже“ целосно ќе се реализира годишниот план за комплетирање на сообраќајната мрежа во Ромското маало во Кочани.

Министерот Аксел Ахмедовски, одговорен за спроведување на стратегијата за Ромите во Македонија, при денешната посета на Кочани рече дека одличната соработка со Локалната самоуправа помогнала навреме да се заврши асфалтирањето на кракови од улицата “Стамен Манов“, како и да се решат други инфраструктурни и комунални проекти за ромската заедница. 

-За поздравување е работата на градоначалникот што најде сенс за проблемите со кои се соочува ромското население. Во тесна соработка се направени голем број проекти за средување на ромската заедница, односно за улиците каде што живее ромското население. Има огромна поддршка од централната власт и од кабинетот што го раководам, така што нашата соработка и понатаму ќе продолжи. Јас ги охрабрувам, не само вашиот градоначалник, туку и другите градоначалници да поднесуваат што повеќе проекти што се од инфраструктурен и комунален карактер што се во ромските населби,а со цел да го подобруваме квалитетот на живеење на ромската заедница, рече Аксел Ахмедовски, министер за имплементација на стратегијата за Ромите.

Министерот Ахмедовски рече дека забрзано тече и постапката за решавање на проблемот со жителите на старата касарна во Кочани. 

- За тоа ние повеќапти имаме разговарано, мислам дека веќе е во тек изработката на документацијата за старата касарна, веќе е најдена и локација за изведување на овој инфраструктурен проект кој што ќе биде од големо значење за луѓето кои живеат во овој дел од вашата општина. Сметам дека со ребалансот за наредната, 2019 година веќе се испланирани средства за овој проект, така што сметам дека наредната година овој проект ќе започне со реализирање, додаде Ахмедовски.

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев оцени дека соработката со кабинетот на министерот Ахмедовски, годинава резултирала со поддршка од 6,3 милиони денари за асфалтирање на неколку улици во ромското маало, на кои претходно со општински буџетски средства била поставена нова водоводна мрежа. Исто така, тој спомена дека и проектот за старата касарна е во поодмината фаза на решавање. 

- Благодарение на поддршката од министерот, и секако од централната власт, ние неколку улици во Ромското маало веќе ги решивме и во моментот во тек се активности на улицата “Славчо Стојменски“ на крак исток, каде што она што е планирано очекуваме во наредните десетина до петнаесет дена да биде завршено. Значи ја завршуваме реконструкцијата, односно асфалтирањето и потпорните ѕидови на “Славчо Стојменски“ и продолжуваме на другите улици, како што е “Блаже Поп Арсов“, следна активност, по завршувањето на “Славчо Стојменски“ се префрлуваме на улицата “Блаже Поп Арсов“. Целокупната планска докуменатција, што беше обврска на Локалната самоуправа веќе е завршена, значи ги имаме сите потребни документи извадено и дека во моментот работиме на проектирање на згтрадите. Значи, ние сме неколку фази подалеку отколку пред неколку месеци, не сакам да кажам дека можеме, ако се договориме, оти проектот ќе биде за кратко време готов и дека за кратко време можеме да стартуваме со изградбата на овие куќи, односно зградички што се предвидени за сместување на лицата кои во моментот се сместени во Старата касарна и се во очајна состојба, рече Николчо Илијев, градоначачлник на Општина Кочани.

При посетата на Кочани, министерот Ахмедовски најави дека освен асфалтирањето на улиците во Ромското маало, ќе  продолжи поддршката од државата за решавање и на другите комунални и инфраструктурни проблеми за ромската етничка зедница кај нас.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 22 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/12°C
Сабота2°C/11°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 67 гости и нема членови


web counter



qr code