Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

racinovi nagrada08.11.2018  Голем успех за ученичката Сандра Костадинова од ОУ „Никола Карев“ на Детските Рацинови средби што во чест на поетот и револуционер Кочо Рацин секоја година се одржуваат во Велес.

Таа учествуваше со песната “Рацин вчера, денес и утре“ и во силна конкуренција ја освои третата награда.

-Прв пат учествувам на конкурсот Рацинови среби и задоволна сум од третата награда бидејќи е на државно ниво. Се подготвував под менторство на наставничката Гордана Јефтимова а се претставив со песна на тема „Рацин вчера, денес и утре“, рече Сандра Костадинова, ученичка во ОУ „Никола Карев“.

Радост и гордост е да се има вакви успешни ученици кои освен во школските се трудат и во вон школските активности и се желни за постигнување успеси на државно и меѓународно ниво, истакна Гордана Јефтимова, ментор и наставник по македонски јазик и литература во ОУ „Никола Карев“.

-Се претставивме со прекрасна поетска творба на тема „Рацин вчера, денес и утре“ доста инспиративен поет на социјална лирика. Во силна конкуренција од голем број автори млади надежни имиња, нашата ученичка Сандра се претстави добро и доби трета награда. Бевме поделени во повеќе категории и можам да кажам дека станува збор за манифестација од висок ранг, рече  Гордана Јефтимова, наставник во ОУ „Никола Карев“.

Инаку, станува збор за престижна манифестација која веќе пет децении го прославува творештвото на Рацин. Но, таа е особено значајна и за актуелните млади македонски автори кои денеска го градат достоинството на македонската култура и ја афирмираат македонската книжевност во меѓународен контекст. Со поезијата на Рацин, македонската литература ја доби неопходно потребната поврзувачка нишка меѓу традицијата и современоста.

Т. Велкова

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 20 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 110 гости и нема членови


web counter



qr code