Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

prezentacija rodovo budzetska politika08.11.2018  Општина Кочани беше домаќин на претставници од граѓански организации од Молдавија и Албанија кои се вклучени во проектот „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа и Република Молдавија“, што со поддршка од Фондот за развој на жените на Обединетите нации - UN Women се реализира во Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Молдавија.

На средбата во Локалната самоуправа беше речено дека целта на проектот е да се унапредат вештините и знаењата за анализа на програмите и буџетите на централно и локално ниво, а кои што се однесуваат на родово одговорното буџетирање.

-Користењето на алатката за родово одговорно буџетирање е во многу понапредната фаза во нашата земја отколку во Република Молдавија и Република Албанија, особено на локално ниво. Сметаме дека токму Општина Кочани има добра практика што треба да се сподели со нашите колеги од овие две земји, но во исто време сакаме да покажеме како општните во Македонија соработуваат со невладините организации користејќи родово одговорни анализи истовремено правејќи влијание за промена на локалните политики и буџети, со цел подобрување на квалитетот на живеење и унапредување на  родовата еднаквост, на односите меѓу мажите и жените во општината, истакна Марија Ристеска, координатор во Фондот за развој на жените на Обединетите нации.

Претставници од комисијата за родова еднкавост на општина Кочани ја презентираа родово буџетската анализа на Локалниот акциски план за домување, урбанистичко планирање и комунална инфраструктура на Општина Кочани за периодот до 2020 година што ја изработена Здружението „Радар“ од Скопје.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 22 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/12°C
Сабота2°C/11°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 78 гости и нема членови


web counter



qr code