X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

maticni protest16.11.2018  Матичните лекари и медицинските сестри од приватните здравствени установи од Кочани излегоа на мирен протест пред подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување за да го изразат незадоволството од понудените услови во договорите што треба да ги потпишат за наредниот петгодишен период.

Лекарите реагираат што воопшто не се опфатени со најавеното покачување на платите за здравствените работници, ниту пак ќе добијат други подобрувања за извршување на дејноста, како што е со нивните колеги специјалисти.

-Ова е протест на понудените лоши договори кои што треба да ги потпишеме а кои ќе важат во наредните пет години. Ние не се согласуваме со казнената политика која е спомената, со начинот на реализација на превентивните прегледи кои што ги обавуваме. Во буџетот кои што треба да биде усвоен не се споменати никаде приватните здравствени установи, рече Јованка Алексова, координатор на Здружение на приватни лекари Кочани.

Матичните лекари истакнаа и дека не се согласуваатнити со дежурствата кои што беа предложени во изминатиот период.

Лекарите истакнаа дека со приватното здравство Фондот заштеди многу, а сега матичните лекари не се ниту ставени во плановите за покачување на платите.

-Со приватизацијата и нашето преоѓање во приватна здравствена практика ФЗО заедно со Министерството за здравство од 2007 година секоја година заштедува близу 16 милиони евра. Ако пресметате, за 11 години тоа е огромна сума на пари кои што ФЗО ги заштеди благодарение на приватизација на примарно здравство, меѓутоа за таа цел воопшто не сме ставени во плановите да ни се покачат платите. Во изминатите единаесет години немаше покачување на капитацијата и таа остана на 55 денари. Воопшто не бевме вклучени во договарањата за воспоставување партнерски однос, а наместо тоа добивме влошена казнена политика, не можеме да користиме боледувања и ред други права што ги имаат колегите во јавното здравство. Сега кога се креира буџетот за 2019 година срамота е примарното здравство да не влезе барем со минималнми барања кои треба да ни бидат исполнети, рече Лазо Митев, член на Здружението на приватни лекари.

Приватните лекари од Кочани очекуваат поддршка за своите барања и од Лекарската комора на Македонија, при што најавија дека нема да ги потпишат договорите со ФЗО.Протестот ќе продолжи и наредната недела доколку од Фондот не покажат заинтересираност за проблемите, а освен во Кочани, со слични барања излегуваат и останатите здравствени работници од приватниот сектор.

Т. Велкова

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Недела1°C/6°C
Понеделник2°C/6°C
Вторник-3°C/4°C
Среда-3°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 76 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click