X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

proekt volonterstvo27.11.2018  Младинскиот културен центар од Битола и ЦККЕР „Светла иднина“ – Кочани, беа организатори на промоцијата на Советот за волонтерство на Општина Битола, кој што е формиран во рамките на проектот „Инспирирај, вклучи се, волонтирај!“ поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Целта на настанот беше да се отвори дискусија за придобивките од волонтирањето во локалната заедница, како и споделување на добри пракси за постигнатите резултати од волонтерските програми на граѓанските организации на локално ниво.

- Денеска сме тука да споделиме позитивни практики, како овој механизам за соработка помеѓу локалната самоуправа и граѓанските организации може да се имплементира во општина Кочани или некој сличен модел за да се унапреди волонтерството на локално ниво и да се зголеми учеството на младите во креирање локални политики и програми поврзани со волонтерството. Соработката на МКЦ – Битола со здружението „Светла иднина“ е поради тоа што тие се едни од грантистите кои што работат на истиот проект, од истата грантова шема на УСАИД проектот за граѓанско учество, така што тоа е една позитивна практика, ние со нашите актовности ја препознавме оваа организација која е препозната на локално ниво во Кочани, која работи со волонтери, па ги поврзавме со оптшина Кочани да видиме како можеме да најдеме заеднички начин, ние со менторска поддршка да потикнеме формирање едно вакво тело тука во Кочани, рече Марија Мерковска, координатор на проектот.

Советот за волонтерство е советодавно тело на Советот на Општина Битола, поради што Локалната самоуправа ќе обезбеди финансиска поддршка за неговото работење во наредната година.

Од ЦККЕР „Светла иднина“ рекоа дека веќе се зголемува интересот за волонтирање меѓу младите од Кочани, а соработката со Младинскиот центар од Битола ќе продолжи.

- Ние сакаме да ги следиме нивните чекори како организација и да продолжиме во општина Кочани да го развиеме, на повисоко ниво да биде волонтеризмот. Нашата организација има развиено стратегија со која ќе прима свои волонтери и можам да се пофалам дека во псоледните месеци веќе имаме повеќе волонтери активисти кои што сакаат да соработуваат и да учествуват во младинскиот активизам за да биде уште поразвиен во општина Кочани, рече Мануела Саидова, претседател на ЦККЕР „Светла иднина“.

Во план е во наредниот период да се изработи стратегија за волонтеризам на младите во општина Кочани, која треба да биде усвоена од страна на Советот на Општината и да стане дел од официјалните документи на локалната заедница.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Недела1°C/6°C
Понеделник2°C/6°C
Вторник-3°C/5°C
Среда-3°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 102 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click