X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

asfalt ponikva27.11.2018  Во предвидениот рок од околу еден месец заврши реконструкцијата и преасфалтирањето на делницата долга 11 километри на регионалниот пат од Кочани кон туристичко-рекреативниот центар Пониква на Осоговските Планини.

За реализација на градежните работи Министерството за транспорт и врски инвестираше над 102 милиони денари, при што освен нов асфалтен слој на коловозот со широчина од шест метри, се работеше и на поправка на заштитната ограда и на пропустите за атмосферската вода.

Ова е прва фаза од рехабилитацијата на патот кон Пониква, чија вкупна должина изнесува околу 22 километри. Во договор со Јавното претпријатие за државни патишта беше опфатено и преасфалтирање на околу два километри од пристапната улица „Страшо Ербапче“ во Кочани, која всушност е дел од регионалниот пат. За наредната година се планира да се реконструира преостанатата должина од патот, со што ќе се подобри безбедноста и ќе се олесни пристапот до планинскиот туристички центар.

- Патот потполно е направен како нов, во тек се работите околу банкините и сите пропратни работи кои се потребни со цел да биде ставен во функција како што треба и како што им е потребен на посетителите на овој зимско-туристички центар. Понатаму ќе продолжи да се работи на заменување на целокупната ограда околу патот, со цел да добиеме пристапен пат кој ќе биде за потребите на посетителите на Пониква, и за безбедност и во секој друг поглед, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Со реконструкцијата на првата делница, проширен е постојниот паркинг на Пониква, а прилагоден е и теренот кај месноста Аеродром, со што е обезбеден дополнителен простор за паркирање на уште неколку стотина возила.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Недела1°C/6°C
Понеделник2°C/6°C
Вторник-3°C/5°C
Среда-3°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 98 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click