X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

svecenost deca posebni vinica28.11.2018  Музејот „Теракота“ со поддршка од Локалната самоуправа на Виница го реализираше овогодишниот проект „Еднаквоста во фокусот“ чија цел е поголема вклученост и едуцирање на лицата со посебни потреби.

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, во ОУ „Гоце Делчев“ се одржа завршна свеченост на која беа претставени реализираните активности од проектот, а во што беше вклучен и Дневниот центар од Виница.

Во рамки на проектот се организираа повеќе работилници и посети на културни и археолошки знаменитости во општината и регионот, како и други содржини.

- Оваа година нашиот проект беше наречен “Стара архитектура“, целта беше да направиме фотографии со лицата со посебни потреби од Дневниот центар во Виница. Фотографиравме на повеќе локации во неколку села во виничкиот регион, поточно во селата Блатец и Липец, како и во Виница. Денеска е завршниот дел, имаме направено поголем број фотографии што ги направија тие лица, изложбата е со продажен и хуманитарен карактер. Значи, сите оние што ќе купат, помагаат да се донираат овие средства за она што ќе им биде потребно во Дневниот центар, рече Јулијана Иванова, директор на музејот „Теракота“.

На иѕложбата „Стара архитектура“ беа претставени триесетина фотографии од стари градби во виничкиот регион. Освен тоа, децата со посебни потреби ги претставија и своите рачно изработени новогодишни честитки, сувенири  и подароци.

Општина Виница активно е вклучена во грижата и подобрувањето на условите за лицата со посебни потреби, за што беше најавено дека поддршката ќе продолжи и во иднина. 

-Пред недела дена потпишавме потпишавме проект со институцијата „Инклузива“, а веќе в петок почнуваме со првата работилница. Тоа е за полесен пристап на лицата со попреченост до јавните информации, до информациите на веб страниците што ги има нашата општина и до сите други информации, се со цел да можат побрзо и поефикасно да ги дознаат информациите, оние кои се случуваат во нашата општина, рече Ивица Димитров, градоначалник на Општина Виница.

На свеченоста по повод завршницата на проектот „Еднаквоста во фокусот“ со забавно-музички точки настапија учениците од ОУ „Гоце Делчев“. Исто така, се претстави и танцувачката група „Dancers United MK“ од Виница која на неодамнешниот меѓународен натпревар за танчери со посебни потреби во Полска го освои првото место. 

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Недела1°C/6°C
Понеделник2°C/6°C
Вторник-3°C/5°C
Среда-3°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 65 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click