X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

tribina budzet kocani 2019

28.11.2018  Општина Кочани ја организираше третата јавна расправа со граѓаните на која се разгледуваат прашања од јавен интерес, а за чие решавање треба да се предвидат општински буџетски средства за наредниот едногодишен период.

Целта на локалната власт е да обезбеди поголема транспарентност и вклученост на граѓаните во креирањето на Буџетот за идната година.

Пред почетокот на јавната расправа, што се одржа во салата на Советот, беше презентиран нацрт-буџетот и планираните инфраструктурни проекти за 2019 година.

Потоа во дебатата се вклучија присутните граѓани, претставници од урбаните и месните заедници, како и од невладини здруженија. Се разговараше за актуелни прашања и потреби од јавен интерес што имаат пошироко локално значење. Освен за изградба и асфалтирање на неколку улици, на расправата се слушнаа и мислења за проблемите со јавниот паркинг, за локација на катна гаража во централното градско подрачје, за нови парковски решенија, како и за дислокација на Градскиот пазар.

Градоначалникот Илијев, кој одговараше на прашањата на граѓаните, претстави и идеја за изградба и уредување на нов плоштад, што според размислувањата би можел да се лоцира на местото на сегашниот парк кај Центарот за култура „Бели мугри“.

- Целиот тој потег, почнувајќи oд ресторанот „Пролет“ и завршувајќи до мостот кај Шопингот, целиот тој простор да биде уреден на модерен начин, плоштад кој му е повеќе од потребен на Кочани. Со реконструкцијата на оваа зграда, таа целата ќе светне и ќе има убавина, ќе може да се види и да се ужива во нејзината убавина. Вака ако го оставиме, едно дрвце, овде малку цвеќе, овде зеленило, ќе направиме се и ништо. Затоа мислам дека овој предлог заслужува внимание, да се размислува и да се разговара за него. Не барам бланко поддршка, туку барам секој од граѓаните кога ќе поминува да размисли за оваа идеја, дека навистина  можеме да добиеме едно решение за плоштад кое ќе ги задоволи сите потреби на граѓаните. Значи, таму ќе има и движење и шетање, со фонтани, освежување и така натаму. Едноставно, според принципот и теркот на поголемите урбани градови да добиеме една убава целина и убава средина, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Со предлогот за уредување на плоштад на оваа локација би се задржале и вклопиле постојните спомен обележежја, а решавањето на потребата за парк би се префрлила на ридот Локубија, што заедно со обновувањето на Споменикот на слободата би обезбедило голем парковски комплекс.

Идејата за нов плоштад кај ЦК „Бели мугри“ доби поддршка од присутните граѓани на јавната трибина, а беше најавено дека за целата идеја неопходно ќе биде да се организира посебна расправа со што поголема вклученост на јавноста.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Недела1°C/6°C
Понеделник2°C/6°C
Вторник-3°C/4°C
Среда-3°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 75 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click