28.11.2018 Петмина каратисти од КК “Партизан“ и еден од карате клубот “Кочани“ ќе ја претставуваат Македонија на Балканското првенство што од 30 ноември до 2 декември ќе се одржи во Република Хрватска.
Тоа е одлично признание за нивните досегашни успеси на домашните натпреварувања, како и за освоените медали на изборното првнество за кадети, јуниори и младинци до 21-годишна возраст.
Виза за учество на ова балканското младинско првенство обезбедија Ѓорги Петров, Мартина Шахинова, Роберто Здравковски, Ангел Стојанов и Кристијан Грозданов од КК „Партизан“, како и Љубомир Давитков од КК “Кочани“.
Влегувањето во конкуренција да ги бранат боите на македонската репрезентација ќе им овозможи, доколку прикажат добри настапи, во својата спортска кариера да освојат нови признанија и медали од ова важно меѓународно натпреваруивање.
Инаку, Балканското карате првенство за кадети, јуниори и младинци до 21 година ќе се одржи во Дубровник, а освен каратистите од Македонија, веќе е најавен настапот на уште 15/тина репрезентации од државите од Балканот.
Т. Ајтовски