X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

rabotilnica oriz29.11.2018  Општина Кочани е домаќин на дводневна меѓународна работилница за јакнење на институционалните капацитети во конвенционалното и органското производство на ориз, што се реализира со поддршка од инструментот за техничка помош и  размена на информации (TAIEX) на Европската комисија и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија.

Целта на работилницата е домашните производители и стручни лица да разменат европски искуства и знаења во органското производство на ориз со предавачи-експерти од Италија, Грција и Бугарија, како и да разговараат за унапредување на здружувањето и соработката меѓу земјоделците. 

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски истакна дека странската поддршка има важна улога во успешното креирање на досегашните и идни политики во домашното оризипроизводство, за пазарните стандарди, новите технологии во производството и воведување сорти ориз што се конкурентни и барани на домашниот и на европскиот пазар.

- Оризот како земјоделска култура кај нас има посебно место во програмата за финансиска поддршка поради традиционалните вредности и долгогодишното производство, како и неговата улога за развој на руралната економија и извозно препознатливиот бренд на регионот. Дополнителна олеснителна околност за откупните компании кои извезуваат ориз е што годинава со Србија е потпишан договор за признавање на македонскиот сертификат за ГМО, а радиоактивноста се испитува на самиот граничен премин, за што досега се чекаше и по неколку дена, но сега ја минуваат границата без задржување, рече Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

Како дел од системските мерки за унапредување на производството на ориз во Македонија, Николовски ја нагласи поддршката од ресорното министерство за зајакнување на кадровските и обновување на техничките ресурси на Институтот за ориз во Кочани.

Во име на земјоделските производители од регионот, градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев се заблагодари за поддршка од минсиетсртвото за земјоделство, но упати и забелешка за пласирањето невистините информации во јавноста за квалитетот на кочанскиот ориз.

- Оваа година кочанскиот ориз се соочи со уште една криза кога со неговото име беше поврзана генетска модификација. Иако по контролите во германските лаборатории тоа не се докажа, остана сомнежот кај потрошувачите, која е всушност вистината? Затоа, како стручњаци во оваа област дозволете ми да ве повикам, заедно, координирани и единствени да внимаваме на секој чекор што го преземаме, да му овозможиме на овој крај, кој со векови опстојува од оризопроизводството, да живее пристојно од својот труд, реле Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Министерството за земјоделство преку инструментот TAIEX во изминатиот период организираше експертска мисија и студиска посета во Италија за домашните стручни лица и за оризопроизводителите. Притоа беа опфатени теми за договарањето, маркетингот и продажбата на оризот, мерките за поддршка на производството, функционирањето на задругите, сортиментот, квалитетот и принципите на биодиверзитет и органско производство на ориз.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Недела1°C/6°C
Понеделник2°C/6°C
Вторник-3°C/4°C
Среда-3°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 87 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click