X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sovet opstina vinica29.11.2018  Виница ќе добие ново комунално возило за транспорт на отпадот. Одлуката за финансиска поддршка беше усвоена на редовната седница на Советот на Општината.

Во рамките на проектот „Унапредување на општинското владеење“, со што ќе обезбедат средства во висина од 26.000 евра како грант во рамки на Програмата за развој на ОН. Советот одобри дополнително кофинансирање во висина од 306.000 денари преку општинскиот буџет.

- Ние како општина аплициравме со три проекти, при што од страна на УНДП беше одобрен еден од проектите, а тоа е купување на возило за смет, мало возило што ќе се користи за потесните улици и сокаци во нашата општина. Меѓутоа, за да можеме да се прилагодиме според прописите што ги пропишува УНДП, возилото треба да биде произведено од страна на ЕУ, така што сумата што е потребна да се издвои за ова возило е некаде над 30 илјади евра. Тоа значи дека Општина Виница мора да дообезбеди и да учествува со дополнителни средства за да се набави ова возило, рече Ивица Димитров, градоначалник на Општина Виница.

Во набавката на ново возило се гледа и како нова шанса за затварање на депонијата во с.Истибања, рече советникот Дарко Јангелов. Советниците со едногласна подршка на овој грант, а без дополнителни дискусии се донесе и одлуката за престанок со работа на депонијата “Исток“.

Наместо на времено користење, објектот на улицата “Маршал Тито“ ќе се даде на трајно користење на Центарот за социјални работи со обврска Општината да ги плаќа сметките за вода и струја. 

Финансиското работење на ЈКП “Солидарност“ на отчет пред советниците, дискусиите по бумеранг се враќаат на релација власт-опозиција, претпријатието се пофали дека за првпат ќе исплаќа регрес ѕа годишен одмор на вработените, а опозицијата го критикуваше за партиски вработувања и за зголемени трошоци за плата. Директорот Игорчо Христов изнесе аргументи дека наследил долгови од 15 милиони денари од претходното рководство, а за една година успеал да врати 1 милион денари.

Во Програмата за чистење улици и патишта, дискусиите се судрија околу чистењето и зимското оддржување на патот Скараница - Блатец, никој не кажа точно кој треба да го чисти снегот тука, дали „Солидарност„ или претпријатието во Блатец - „Кале“. 

Сериозна е ситуацијата со водата во с. Градец чии анализи веќе подолг период покажуваат лоши резултати, во прашање е повторно неажурноста на месното население, но и дефект на кој се работи. По барање на општинската организација на Црвен крст - Виница, советниците дадоа зелено светло за ослободување на оваа хуманитарна организација од плаќање надомест за легализација и утврдување правен статус на објектот во кој функционира. 

Во пресрет на новогодишните празници, советницте го одобрија предлогот за издвојување на 200 000денари за Новогодишни украси во градот и населените места.

На седницата беа разгледани повеќе барања за утврдување правен статус на нелегално изградени објекти, а исто одобрени и повеќе барања за помош за лекување на наши сограѓани.

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Недела1°C/6°C
Понеделник2°C/6°C
Вторник-3°C/4°C
Среда-3°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 79 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click