X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

koncert viva strings04.12.2018  Македонскиот гудачки квартет „Вива стрингс“ имаше концертен настап во Кочани, во рамки на програмата „Нов културен бран“, при што се претстави со обработки на популарни рок, соул, фанк, рап и џез теми.

Публиката имаше можност да  проследи класични пребработки на хитови од АББА, Мајкл Џексон, Стинг, Квин, Ренди Крафорд и Ерик Клептон.

Квартетот во Кочани има настапувано и претходно, а последниот концерт наиде на одлична прифатеност кај публиката.

– Програмата што ја нудиме е несекојдневна, ова е нешто што, можам да се пофалам, исклучиво ние го работиме во Македонија, едноставно сметавме дека музиката треба да ја доближиме до обичниот граѓанин. Обичниот граѓанин во денешно време ако не е бомбардиран со турбо фолк, тогаш е бомбардиран со популарна музика и ние земавме мотиви од популарните песни кои се хитови, копи и на времето биле хитови, од типот на АББА, од типот на Ерик Клептон, Стинг, Мајкл Џексон, направивме обработки, јас направив обработки за квартетот и целата програма беше составена од композиции коишто се исклучиво наши, авторски, обработки врз основа на популарни песни, истакна Дејан Теодосиевски, член на квартетот „Вива стрингс“.

Според академските музичари од „Вива стрингс“, публиката не е навикната да сретне гудачки квартет со ваков музички израз, затоа што вообичаено се очекува класична музика. Сепак, по изведбата секогаш следува воодушевување, што се докажа и во Кочани.кај публиката.

Покровител на концертот беше Министерството за култура на Македонија, со поддршка од Општина Кочани и од Центарот за култура „Бели мугри“.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Недела1°C/6°C
Понеделник2°C/6°C
Вторник-3°C/5°C
Среда-3°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 61 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click