X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

proekt erazmus kocani05.12.2018  Со потпишувањето на договорот за соработка во  СОУ „Љупчо Сантов“ започна проектот „АР ЕДУ“ - „Едукативен модул со проширена реалност - развој и имплементација на иновативни ИКТ базирани основни алатки во СТЕМ ориентираните училишни предмети“.

Проектот е во вредност од над 130 илјади евра а финансиран од „Еразмус +“ програмата, акција Стратешко партнерство за образование, Соработка за иновации и размена на добри практики.

Проектот има за цел да ги зајакне и вештините и компетенциите на наставниците за користење на Отворените образовни ресурси во секојдневните часови и да воспостави вмрежување на наставниците од „Еразмус +“.

Ќе се реализира во соработка со седум проектни парнери од 3 држави: Македонија, Бугарија и Хрватска. Од Македонија се  здружениетоЛокална акциона група – Кочани, како лидер-партнер, СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани и компанијата  „Течко нет“ – Кочани.  Од Република Бугарија учествуваат  Здружението Центар за одржливост и економски развој и Професионалната гимназија за економија и менаџмент од Пазарџик, а од Хрватска се Општина Лудбрег и средното училиште од овој град.

- Проектот промовира нов дигитален приод во однос на наставата, за учење. Тоа ќе овозможи нов професионален развој и нов светоглед на нашиот наставен кадар, тоа ќе значи нови содржини за нашите ученици кои ќе бидат вклучени директно или индиректно во активностите на овој проект. Како мала награда за целокупната таа активност ќе имаат можност, да имаат мобилност, да се движат во регионите на нашите партнерски организации во Хрватска и во Бугарија каде ќе се запознаат и со начинот на наставата, како и со тоа каде сме ние, а каде се членките на Европската Унија, рече Игор Христов, директор на СОУ „Љупчо Сантов“.

Со реализацијата на проектот ќе овозможи развивање софтвер за проширена реалност како нов, поинтересен начин на кој учениците, на некласичен начин, ќе изучуваат предмети поврзани со науката, инженерството, техниката и математиката.

Во рамки на проектот АР ЕДУ се планирани се планирани четири меѓународни средби, две обуки на наставниците од средните училишта за користење на  едукативниот модел и една петдневна размена на групи ученици од Македонија, Бугарија и Хрватска.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: North при 0 kmh
Недела1°C/6°C
Понеделник2°C/6°C
Вторник-3°C/4°C
Среда-3°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 108 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click