Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

asfalt straso erbapce07.12.2018  Со преасфалтирањето на коловозот и прилагодување на шахтите и сливниците за атмосферската вода се комплетира реконструкцијата на улицата „Страшо Ербапче“ во Кочани.

Одличниот ангажман на работниците и градежната механизација на компанијата „Ескаватори“ од Косово, која работеше и на реконструкцијата на патот кон Пониква, помогна практично за две недели да се добие поквалитетно сообраќајно решение на овој дел од градот.

Според првиот човек на Општината, ретко кој граѓанин очекувал дека целата активност може да се заврши токму пред зимската сезона, особено што се работеше во специфични временски услови.

Сепак, заложбите да се интензивира целата постапка придонесоа да се реконструира оваа сообраќајница која има не само локална, туку и поширока важност.

- Ова е една од попрометните улици во Кочани која, прво, поврзува еден поголем дел од месното население кое живее во овој дел, исто така и пристапот до болницата во Кочани и секако, најважно е, пристапниот пат до нашиот спортско-рекреативен центар Пониква. Ние согледавме дека оваа улица навистина беше во една очајна состојба и интервениравме кај централната власт, односно. во Јавното претпријатие за државни патишта каде наидовме на разбирање и надвор од сите програми и планови го вметнаа и овој дел од улицата „Страшо Ербапче“ и навистина сум многу благодарен за разборањето што го имаше директорот на Јавното претпријатие. Успеавме оваа улица да биде завршена во еден релативно краток период, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Трошоците за реконструкција на оваа улица целосно се покриени од државниот буџет, односно преку Јавното претпријатие за државни патишта се добија дополнителни средства од оние што беа планирани за рехабилитација на патот од Пониква кон Кочани. Со тоа за реконструкција, што се најавува за идната година, ќе преостанат уште околу 8 километри, со што по повеќе од три децении целосно ќе биде обновнено соораќајното поврзување со планинскиот туристички центар. 

T. Aјтовски

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 43 гости и нема членови


web counter



qr code