11.12.2018 Македонскиот актер Благој Веселинов е еден од десетте добитници на наградата „Shooting Stars“ што ја доделува Берлинскиот филмски фестивал. Наградата им се доделува на најдобрите европски актери во подем.
Во одлуката на жирито пишува дека Веселинов ги освоил членовите на комисијата со неговата „длабока и неочекувана чувствителност“ во наградуваниот филм „Иселител“.
Признанието се доделува веќе 22 години и секоја година се претставени десет млади актери од Европа. Веселинов ќе го добие своето признание за време на Фестивалот, што ќе се одржи од 8 до 11 февруари идната година.
Меѓу останатите добитници има актери и од Ирска, Швeдска, Полска, Данска, Германија, Норвешка, Исланд, Србија и Естонија.
Инаку, Благој Веселинов е роден во Кочани, а во Аматерскито тетара на ЦК Бели мугри ги започна првите чекори во глумата. Подоцна дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а учествувал во повеќе од 50 театарски претстави и 15 филмски улоги, почнувајќи со дебито во филмот „Како да ме нема“.
Сепак мајдобро познат во јавноста во Македонија и надвор од неа стана минатата година по улогата во наградуваниот филм „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески. Во моментот Веселинов е дел од актерската екипа на Македонскиот народен театар во Скопје.