Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

stara kasarna112.12.2018  Локалната самоуправа на Кочани го објави јавниот повик за пријавување на заинтересирани проектантски фирми од Македонија за изработка на проектна документација за изградба на објектите во кои треба да се преселат жителите од Старата касарна.

Парцелата на која ќе бидат лоцирани новите живеалишта на овие лица е со површина од 2,96 хектари и се наоѓа на земјиште во сопственост на Република Македонија, на северниот дел на Кочани, источно од Фабриката за вода.

Во планскиот опфат се планирани околу 20 градежни парцели

Тендерската постапка за избор на фирма што ќе го изработи планот за објектите трае до 19 декември, а за трошоците за изработка се планирани околу 170 илјади денари.

Градежните парцели имаат по околу 380 метри квадратни со корисна површина за градба од 140 метри квадратни. Притоа, во склоп на секој станбен објект треба да има по четири станбени единици што ќе содржат спална и дневна просторија, чајна кујна со трпезарија и бања. Освен тоа, предвидено е за загревање да се користат клима уреди, а сите објекти да бидат приклучени на постојната водоводна и канализацисдка мрежа. За пристап до нив ќе се изведе нова сервисна улица. 

Од Општината очекуваат дека целата постапка ќе заврши брзо и конечно проектот ќе може да се реализира на терен.

- Проектот ќе биде за релативно кратко време готов и дека ние можеме да стартуваме со градбата на овие куќи, односно зградички кои се предвидени за сместување на лицата кои во моментот се сместени во Старата касарна и се во очајна состојба. Навистина ние, како локална самоуправа, она што го презедовме како обврск и пред министерот и пред населението, во рекордно време го завршивме и продолжуваме со истиот интензитет. Очекувам дека наскоро ќе добиеме поддршка и помош, како и до сега, од централната власт и од министерот и дека напролет, односно во почетокот на наредната година ќе почнеме со градба на овие куќички за сместување на овие лица, рече Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

По изработката на проектната документација за објектите за домување, договорено е  да се поднесе апликација за финансирање на овој проект со пари од државата преку Стратегијата за ромски прашања.

Со изградбата на новите станбени објекти, ќе се овозможи конечно дислоцирање на дваесетината семејства кои околу три децении нелегално се вселени во објектот на Старата касарна. 

Т. Ајтовски

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 74 гости и нема членови


web counter



qr code