Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

geoterma114.12.2018  Загаденоста на воздухот останува актуелнo прашање, поради што како тема беше дел од дискусиите на последната седница на Советот на Општина Кочани.

Во рамки на Програмата за заштита на животната средина за идната година е предвидено од општинскиот буџет да се издвојат 330 илјади денари. 

- Сметам дека потребно е да се склучи договор со овластени лаборатории кои што ќе можат да обезбедат соодветни мерења во однос на бучавоста, во однос на мерењата на загаденоста на отпадни води, како и мерења на загаденоста на воздухот. Што се однесува до мерките, мерките кои што се предвидени се во ред, но не е назначено во Програмата кога тие мерки планирате да бидат преземени. Една од мерките е и контрола на оџаците на приватните станови кои користат дрва за огрев. Имајќи предвид дека 80 отсто од населението во општина Кочани се затоплува со користење дрва, во Програмата не наидов на некоја мерка со која што вие би го спречиле тоа, на кој начин би го подобриле, за луѓето да најдат некоја друга солуција за греење освен дрвата, и со тоа би се намалило загадувањето, рече Емилија Серафимова, член на Советот на Општина Кочани.  

Беше предложено за намалување на загаденоста на воздухот да се изработи физибилити студија за изградба на централно греење во градот, со можност за искористување на геотермалната вода. Таквиот документ би бил појдовна основа за аплицирање до европските и други меѓународни фондови за добивање помош за заштита на животната средина.

Ппановите и најавите за можна гасификација на Кочани, заедно со враќањето во игра на геотермалниот ресурс, според советниците е добра можност за избегнување на загадувањето на воздухот и околината, воопшто. 

- За да може поефикасно и поголем процент да се искористи од оваа енергија треба да се направи нова инсталација, со нови, пософистицирсни материјали за заштита од губењето на енергјата, за да можеме да ја користиме онака како што ни е дадена од природата. Да можеме да ја користиме за загревање на домовите, а во прва линија за загревање на јавните установи, бидејќи сега тие, колку што знаеме, се загреваат најмногу на нафта и на тврдо, цврсто гориво, дали дрво, дали јаглен, кои материјали испуштаат најмногу ПМ10 честички кои се мерат, но и оние пострашните, ПМ2,5 честички кои директно влијаат на здравјето на популацијата, рече Валентина Андонова, член на Советот на Општина Кочани.

Како дополнување на Програмата повторно беше потенцирана потребата од користење на природниот гас, за да се намали загаденоста на воздухот. 

- Се до оној момент, додека државата и ние како општина не дојдеме до гасификација и искористување на природниот гас за затоплување, за кој што знаете дека цела Европа зависи од него, тоа е голема политика, ние, верувале или не, ние ќе продолжиме да се труеме во она што ни се случува секојдневно. Ситуацијата е алармантна, страшна во Скопје, страшна во Тетово, страшна во Кочани, трет град по загаденост, кој, верувајте, ние сме лекари и претседателот на Советот е медицинско лице, лекар хирург, знае дека, меѓу другото, и во Комисијата за здравство побаравме да бидат ставени и оние болести, не само заразните болести, туку и незаразни, хронични болести кои што од ден во ден имаат страшни, поразителни резултати, особено карциноми на бели дробови, карциноми на простата, дојка и да не сборам други работи, рече Лазо Митев, член на Советот на Општина Кочани.

- Моментално се работи на магистралниот пат Штип - Кочани, мислам дека вие сите сте упатени во тоа, и се разговара во истиот момент да бидат имплементирани и приклучоците за линиите, се со цел побрзо гасот да дојде со цевковод до нашата општина. Меѓутоа, и едн друга работа морам да спомнам, дека и гасот е веќе со повисока цена од претходно, значи дека е и малку понеатрактивен  за инвеститорите кои би се вклучиле  во овој процес, бидејќи станува збор за енормно високи средства, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.

По дискусиите се премина на гласање, при што советниците со 11 гласа “за“ го усвоија предлогот за изработка на физибилити студија за искористување на геотермалната вода. Исто така, со 14 гласа “за“ помина и предлогот за физибилити студија за гасификација, по што Програмата за заштита на животната средина за наредната година доби зелено светло и се усвои.

Т. Ајтовски 

 

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 103 гости и нема членови


web counter



qr code