X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

rekonstrukcija skoli17.01.2019   Со средства од буџетот на Општина Кочани започна реконструкцијата на пет основни училишта во градот и во две села, а поддршка во активностите е добиена и од Министерството за образование и наука.

Во ОУ „Никола Карев“ во Кочани се прави адаптација на тоалетите, при што се поставува комплетно нова водоводна инсталација, се заменуваат вратите и се санираат таваните. Исто така, ќе се постават нови тоалетни елементи, а целата инвестиција е во вредност од 780 илјади денари.

По завршувањето на градежните работи во централното, ќе се заменат прозорците и ќе се реконструира подот во подрачното училиште во селото Тркање.

За санирање на внатрешноста на ОУ Малина Попиванова предвидени се 600 илјади денари со кои ќе се отстрануваат проблемите со електричната инсталација. Дел од парите ќе се вложат и за реконструкција на тоалетите, а како еден од приоритетите на кој ќе се работи во наредниот период е замената на котлите за парно греење.

Во ОУ „Свети Кирил и Методиј“ започната е постапката за санација на дел од кровната конструкција за десетина училници, со што, заедно со претходните интервенции, ќе биде реконструиран половина од покривот. Дополнително, претстои и замена на клупите во целото училиште.

Градежни работи за реновирање на тоалетите се изведуваат и во ОУ „Крсте Мисирков“ во Оризари, при што се заменува дотраената водоводна и канализациска инсталација и се поставуваат нови санитарни елементи. Во ОУ „Раде Кратовче“ во Кочани ќе се реконструира подот на училниците на првиот кат, а приоритет останува подобрувањето на условите за одржување на часовите по физичка култура.

За образовните институции во општината минатата година беше период на финансиска консолидација, а за годинава од Локалната самоуправа на Кочани најавија дека училиштата во целост ќе ги вратат долговите, со што ќе се отворат можности за нови инвестиции. Притоа, предност ќе имаат проектите за термофасади на училишните згради и за обновување на крововите.

T. Ajтовски

 

Сподели

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 71 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click