Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pozrnikari21.01.2019  Вкупно 62 интервенции за гаснење пожари имала Територијалната противпожарна единица од Виница во текот на 2018 година, што е за една третина помалку во споредба со претходниот едногодишен период.

Најголем број од интервенциите, вкупно 39, биле кај пожари на отворен простор, при што била опожарена површина од 32 хектари, што е за пет пати помалку споредено со 2017 година. Во 16 случаи се интервенирало кај запалени објекти, а останатите излегувања на терен биле за гаснење пожари кај моторни возила.

Од ТППЕ - Виница рекоа дека лани од пожарите е предизвикана вкупна материјална штета од 235 илјади денари, што е намалување за околу половина.

Во текот на минатата година спроведовме четириесетина превентивни активности за заштита од пожари, во најголем дел предавања во училиштата и фирмите, како и заеднички практични вежби во стопанските субјекти. Заради поголема ефикасност и заштита, во текот на оваа година планираме да обновиме дел од доброволните противпожарни друштва во месните заедници и во фирмите.

Причина за скоро сите пожари бил човечкиот фактор, освен кај осум случаи до запалување дошло поради краток спој во електричната инсталација во објекти и кај возила.

Освен со интервенции на територијата на општината, виничките пожарникари во текот на минатата година во пет случаи со опрема и кадар им помагале и на своите колеги од Берово.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2019 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 63 гости и нема членови


web counter



qr code