Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Uniformi Pozharna07.02.2019  Територијалната противпожарна единица од Кочани доби нови работни униформи, неопходни за извршување на секојдневните работни обврски.

За набавката беа издвоени средства од буџетот на Општина Кочани, а таа се реализира после неколку години.

- Добивме работни униформи, 18 парчиња, што се состојат од панталони, кошули, џемпер, маици, капа, кондури и чизми, што ни беше неопходно за извршување на секојдневните работни обврски. Униформите ги добиваме после неколку години и е од големо значење за нашата професија, рече Благојчо Паунов, командир на ТППЕ - Кочани.

На предавањето на новата уиниформа присуствуваше и градоначалникот Илијев кој вети дека поддршката од Општината ќе продолжи.

- Во 2018 година, за првпат од постоењето на Единицата, набавивме заштитна пожарникарска опрема, бидејќи досега ја добивале како донација, веќе користена опрема од други држави. За неа издвоивме близу 700 илјади денари. Обезбедивме и нова работна облека во вредност од околу 300 илјади денари, што значи дека за кратко време вложивме 1 милион денари за заштитна и работна опрема и покажавме дека луѓето што работат во Територијалната противпожарна единица се важни за сите нас. Ваквиот тренд ќе продолжи и во иднина, Единицата е значајна не само за граѓаните на Кочани, туку и на соседните општини кои ги користат нејзините услуги и ние ќе настојуваме таа да биде опремена и во добра кондиција за да може да одговори на предизвиците и да ги  штити човечките животи и материјалните добра, рече Николчо илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Освен набавката на облека и обвуки, Илијев рече дека во наредниот период ќе продолжи поддршката за набавка и на друга неопходна опрема за пожарникарите.

Во текот на јануари Територијалната противпожарна единица од Кочани има регистрирано 18 интервенции, пред се на индивидуални станбени објекти. Во моментот располага со шест возила, од кои четири навални и две теренски, а освен во Кочани дејствува и на територијата на соседните општини Зрновци и Чешиново-Облешево.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2019 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 751 гости и нема членови


web counter



qr code