Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sumski pozar01.04.2019  Во пожарот што ги зафати падините на Осоговските Планини кај кочанското село Цера до сега изгореа над 50 хектари со букова и борова шума.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Кочани трет ден се на терен, но немоќни се во локализирањето на пожарот поради непристапноста на теренот, а силниот ветер и сувата вегетација дополнително помагаат огнот брзо да се шири.

Командирот на ТППЕ, Благој Паунов истакна дека интервенирале повеќе од 48 часа и ги ангажирале сите пожарникари и опремата со која располагаат.

Во моментот на подготвувањето на Вестите сè уште активно беше уште едно жариште, но се надеваат дека до попладне и тоа ќе биде изгаснато. Во саботата се појавил мал пожар што со брза интервенција го запреле, но следното утро се појавил нов, на локација недостапна за противпожарните возила. Според првичните индиции причина за пожарот е човечкиот фактор. 

Пртетходната ноќ заседаваше општинскиот Кризен штаб со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Територијалната противпожарна единица – Кочани, Полициската станица,  КЈП „Водовод“, Шумското стопанство „Осогово“ и од Локалната самоуправа, при што е изготвен план за дејствување во текот на денешниот ден.  Целта е  со добра координација и комуникација брзо да се  реагира и да се превенира натамошното ширење на пожарите.

Во моментот на терен дежурни се екипи составени од пожарникари, инспектори, полицајци  и претставници на Шумското стопанство и на Општина Кочани.  

Т. Ајтовски

 

 

Сподели

©2019 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 
https://youtu.be/4fBNx4Zfx_c

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 729 гости и нема членови


web counter



qr code