Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

muiltikulturen centar15.10.2019  Наскоро започнуваат градежните работи во Мултикултурниот центар. Избрана е градежната компанија што ќе работи на неговата реконструкција. Од постапката за избор на најповолен понудувач, реализирана според ПРАГ-процедурата, остануваат уште неколку чекори, по што ќе започне да тече рокот за изведба, којшто е планиран на 14 месеци од потпишувањето на договорот.

За реконструкција и адаптација на зградата на Мултикултурниот центар ќе бидат наменети 316 илјади евра, од кои 213 илјади евра се од Интерег ИПА-програмата, 37.000 се од Министерството за локална самоуправа и 65 илјади евра се кофинансирање од Општина Кочани.

 

Според описот во проектот, објектот на Мултикултурниот центар ќе се заштити од подземната вода, ќе се постави комплетно нова термоизолациска фасада, нова кровна конструкција и кров, нова внатрешна и надворешна столарија, а ќе се изврши обработка на ѕидовите, санитариите и подовите. Паралелно со реконструкцијата на Мултикултурниот центар во Кочани, во Општина Гоце Делчев ќе се реконструира Туристичкиот инфоцентар.

Вкупниот буџет за активностите од двете страни на границата, изнесува 500 илјади евра, односно по околу 250 илјади евра за секој партнер, сума во која се вклучени градежните работи, надзорот, меките мерки и средствата за управување на проектот.

Реконструкцијата се реализира во рамките на проектот „Нашето заедничко минато –патека за заедничка иднина“, а средствата се обезбедени од Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, во партнерство на Источниот плански регион и бугарската Општина Гоце Делчев.

По реконструкцијата на приземниот дел од некогашното Старо Кино во Кочани и адаптацијата во 2002 година како културен простор, градежните надворешни и внатрешни интервенции на овој објект доаѓаат во вистинско време.

 

 

Сподели

©2019 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 750 гости и нема членови


web counter



qr code