16.10.2019 Младите фудбалери на “Фудбал старс“ продолжуваат со добрите настапи во првенството на Регионалната југоисточна лига.
Во рамки на 4 коло успех забележа генерацијата 2006. Таа со резултат 4:0, на домашен терен, ја совлада незгодната екипа „Брегалница“ од Штип, која е еден од конкурентите за пласман на врвот. Со убедливата победа токму против штипјани јуниорската екипа на „Фудбал старс“ го зачува првото место на табелата.
Пофалба за успехот заслужува целата екипа, а посебно стрелците на головите, при што Марио Симоски постигна два погодока, а по еднаш противничката мрежа ја затресоа Ненад Малинов и Николче Ефремов.
Фудбалерите на „Фудбал старс“ со успех настапуваат и во Детската лига каде во 5. коло ја совладаа екипата на „Русиново“. Покрај добрата игра нашите најмлади момчиња од генерацијата 2009/2010 играа борбено, издржаа многу дуели и на крај нивната игра беше крунисана со победа од 3:0.
T. Aјтовски