Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kocani panorama03.02.2020 Инвеститорите и граѓаните кои до крајот ан оваа година во Кочани ќе градат објекти за домување ќе плаќаат за 20 отсто понизок надоместок за уредување на градежното земјиште, односно за комуналии.

 

Едногласна одлука за намалувањето донесе општинскиот Совет, при што првичниот предлог со кој се предвидуваше тоа да трае до крајот на мај, беше продолжен до 31 декември.

 

Намалувањето на висината на надоместокот за комуналии, утврден со Програмата за уредување на градежно земјиште на поодрачјето на општината за 2020 година, се однесува на изградбата на објекти со намена за домување и комерцијални дејности, но не и за викенд куќите  на Пониква. 

 

Намалувањето на надоместокот за уредување на градежното земјиште е практика што се реализира неколку години наназад, а целта е да им се помогне на инвеститорите да ја поевтинат изградбата на своите објекти. Сепак, годинава за првпат попустот ќе важи цела година, а од локалната самоуправа информираа дека тоа нема негативно да се одрази на веќе испланираните приходи во буџетската сметка.

Инаку, во текот на 2019 година биле издадени 62 одобренија за градба, од кои околу 60 отсто се за индивидуално и колективно домување, а останатите се за изградба на објекти со стопанска и комерцијална дејност.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2020 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 128 гости и нема членови


web counter



qr code