Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

asfalt straso erbapce03.02.2020  Општина Кочани отвори постапка за јавна набавка за избор на изведувач за реконструкција на седум улици во градот.

 

Поради лошата состојба во која се наоѓаат одредени делови, во Програмата за уредување на градежното земјиште за 2020 година е предвидена реконструкција на улиците: „Четврта македонска бригада“ (260 м), два крака на улицата „Маршал Тито“ (крак 1 – 90 м и крак 2 – 130 м), „Илинденска“ (250 м), „Плачковица“ (190 м), „Коста Рацин“ (220 м) и „9 Мај“ (570 м).

Јавната набавка ќе се реализира со поедноставена отворена постапка, ќе се спроведе со користење електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки, а ќе заврши со е-аукција, како последна фаза за доделување на договорот. Критериум за избор е економски најповолната понуда.

Доколку работите се одвиваат според планираната динамика,во март може да се очекува почеток на овие градежни работи во Кочани.

Според планирањата на Општина Кочани, во текот на 2020 година ќе се реконструираат и улиците „Раде Кратовче“ на потегот од плоштадот до Бавчалукот, „Гошо Викентиев“, кај поранешен „Колор“ и левиот крак на „Тодосија Паунов“, паралелно со десниот реконструиран дел.

 

Сподели

©2020 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 43 гости и нема членови


web counter



qr code