Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

osogoovo kozuf03.02.2020  Обновениот и подмладен состав на ФК Осогововикендов го одигра првиот од неколкуте закажани пријателски контролни натпревари пред почетокот на пролетниот дел од првеснството во Втрата лига исток. На стадионот во Македонска Каменица нашата екипа се сретна со тимот на домашната „Каменица Саса“ и одигра нерешено 2:2.

 

 

Домаќините први дошле во водство со голот на Здравков во 15 минута и со резултат од 1:0 се отишло на пауза. Во вториот дел домашниот тим ја продложил иницијативата и нападите што придонело да го зголеми водството во 60 минута со погодокот на Ѕурѕу.

 

 

Таквиот резултат како малку да ги освестил гостинските фудбалери , по што почнале почести напади кон голот на „Каменица Саса“.

Поангажираната игра им се исплатела и веќе во 70 минута кога со голот на Паунов жолто-сините успеале да намалат на 2:1. Шест минути подоцна дошло до иразмнување со голот што го постигнал Крклински по ударот со глава. 

Тренерот Горгиев на пријателскиот натпревар со каменичани им дал шанса да заиграат на сите фудбалери, па и на оние од младинскиот погон што пристапија на сениорската екипа.

Следен контролен дуел за ФК „Осогово“ ќе биде в среда, 12 февруари против „Кожуф“ на стадионот „Никола Мантов“.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2020 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 747 гости и нема членови


web counter



qr code