Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

unibanka 20god13.02.2020  Јубилејот 20 години од отворањето на експозитурата во Кочани, УНИБанка го одбележа со свечена прослава што се одржа во средата вечерта во ресторанот „Амор“, а на истата присуствуваа голем број гости, клиенти и соработници од источниот регион на земјата. Како домаќин, градот Кочани приреди програма со која се создаде одлично расположение за присутните.

Ова е свечен момент за сите вработени од експозитурата но и за клиенти на банката. Денес може да бидеме горди на многубројните проекти кои ги имаме финансирано во изминативе 20 години, преку кој нашите клиенти успеаа да ја зголемат вредноста на своите компании, да станат поуспешни и поконкурентни на пазарот.

Како тим и понатaму ќе одговориме на потребите на нашите клиенти, квалитена услуга и широка лепеза на банкарски продукти и услуги и нивно успешно спроведување што не прави различни во однос на другите банки. Ве уверувам дека и во иднина ќе проолжиме да бидеме Ваш партнер кој ги разбира Вашите индивидуални потреби и застанува смело позади Вашите бизнис идеи, изјави раководителот на експозитура Кочани, Марина Апостолова.

Специјално за поводот, на свеченоста присуствуваа г-ѓа Милка Тодорова, Претседател на УО и Извршен директор на УНИБанка, г-дин Делчо Крстев, член на УО и Извршен директор на УНИБанка и г-дин Иво Зимоски, директор на Мрежа експозитури на УНИБанка.

- Благодарам на целиот тим од нашата експозитура во Кочани, за нивниот професионализам и постигнатите високи резултати. 20 години не се малку, тука не застануваме. Вие покажавте голем ентузијазам, ја стекнавте довербата на голем број клиенти, физички и правни лица, кои ги доверуваат своите средства на вас, за кои што најискрено Ве поздравувам, рече г-ѓа Милка Тодорова.

Експозитурата на УНИБанка во Кочани е лоцирана на “Кеј на Револуција” бр. 5, влез 2 и 3 и е со работно време од понеделник до петок от 8:00 до 16:00 часот. 

 

Сподели

©2020 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 93 гости и нема членови


web counter



qr code