Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pozarnikari cizmi13.02.2020 По околу едена година од последната набавка, кочанските пожарникари добија дополнителни заштитни средства за интервенции на терен. Локалната самоуправа на Кочани им обезбеди противпожарни интервентни чизми и наменски поткапи за заштита од високи температури.

Чизмите се наменети за дејствување во затворен простор. Тие ги исполнуваат соодветните стандарди за заштита, изработени се од кожа, заштитуваат од пробивање, ѓонот штити од топлина и лизгање, а поседуваат и други карактеристики предвидени со посебен стандард за квалитет.

Заштитните поткапи се вклопуваат со маската и ги штитат главата и вратот од изгореници. Составот на материјалот овозможува заштита од хемиски супстанции и при високи концентрации во случај на прскање. 

Новата опрема ќе ја замени старата дотраена, која кочанските пожарникари ја добија како донација пред повеќе од една деценија.

Наскоро, Општина Кочани ќе ја распише јавната набавка за ново теренско противпожарно возило, за кое се испланирани средства во Буџетот за 2020 година. Според потребите на Единицата, ќе се набави џип што ќе го олесни пристапот и на најнепогодните простори за гасење пожари, особено на полските површини. Ова возило ќе биде прво за Територијалната единица обезбедено со средства од Општина Кочани.

Т. Ајтовски

 

Сподели

©2020 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 78 гости и нема членови


web counter



qr code