Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

bolnica pacienti21.04.2020  Состојбата со коронавирусот во кочанскиот регин не бележи поголеми промени, а од Министертсвото за здравство потврдија дека уште две лица од Кочани се евидентирани како заболени. Во меѓувреме се зголемува и бројот на ние кои претходно беа на листата на заболени, а се веќе излекувани,

 

 

Од ресорното министерство информираа дека Институтот за јавно здравје на ниво на целата држава регистрирал 24 излекувани пациенти кои се лекувале во домашни услови. Петмина излекувани пациенти се евидентирани во Кочани, по четворица во Скопје и Дебар, по тројца во Штип, Прилеп и Тетово и по еден во Струмица и Куманово.

 

 

Во изминатите 24 часа потврдени се седум нови случаи на КОВИД-19 во земјава. Од нив три случаи се во Тетово и по двајца во Куманово и Кочани. Со тоа вкупниот број на заболени регистрирани во Центарот за јавно здравје во Кочани се искачи на 28.

 

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со коронавирус во нашата земја изнесува 1.231, а во  болницата „8 Септември“ починал пациент од Лабуништа на 70-годишна возраст. Во тешка состојба, пациентот бил хоспитализиран на 8 април и веднаш приклучен на респираторна машина.

Во изминатото деноноќие направени се вукпно 207 теста, при што на Инфективното одделение во болницата во Штип на болничко лекување се четворица пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19 пациенти, информираа од Министерството за здравство.

 

 

Сподели

©2020 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 69 гости и нема членови


web counter



qr code