Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

divech10.09.2020 Ловниот резерват Полаки на Осоговските Планини во атарот на Кочани ќе добие нова заштитна ограда и опрема, а ќе биде зголемен и бројот на дивечот, со што ќе се овозможи унапредување на високобуџетниот ловен туризам.

 

 

Постапката за обновувањето на условите што ги нуди ловиштето е со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а партнери во проектот се Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЈП „Национални шуми“, Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ од Скопје, Македонското еколошко друштво и Универзитетот за применети науки во Берн, Швајцарија.

- Во тек е јавната набавка за обновување на жичената ограда во должина од шест километри на ловиштето Полаки. Освен тоа ќе се набават и постават термални камери и друга опрема за заштита на резерватот, а ќе се збогати и фондот на дивечот. Со тоа ќе добиеме современо ловиште и конечно ќе се врати сјајот на нашиот планински бисер - Осогово, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Главни цели на проектот се подобрување на популацијата на диви животни, особено кај копитарите и да се воведе систем за мониторинг на дивите животни во просторот со кој управува ЈП „Национални шуми“, како и да се обноват поранешните добри практики за одржлив ловен туризам и да се внесат нови грла благороден елен.

Реконструкцијата на оградатаи опремувањето на ловниот резерват е дел од проектот „Градење на капацитети за одржливо управување со дивечот во ловиштето Полаки“, што се спроведува во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2 (ПЗП) како проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од „Фармахем”- Скопје.

T. Aјтовски

 

Сподели

©2020 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 34 гости и нема членови


web counter



qr code