Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pejpar mil 14.01.2021  Фабриката за хартија „Пејпар мил“ од Кочани е затворена, а 120 работници добиле известување од денеска повеќе да не доаѓаат на работа.

Решение за затворањето донел бугарскиот сопственик на компанијата, а одговорните служби од македонска страна ја потврдија веродостојноста на информацијата.

-Фабриката е затворена и производствениот процес е целосно запрен, но работниците се уште не се отпуштени од работа. Што ќе биде понатаму чекаме одговор од бугарската страна. 

Одлуката е донесена вчера, а причината за затворањето е што нема исплатливост за понатамошно работење ако како енергенс се користи метан. Имаме позитивни резултати од две лаборатории за користењето пелети, но тие не ни се прифаќаат, а други лаборатории пак, велат дека работењето не ни е во ред. Инспекторатот ни наложи да работиме на метан, но тоа не се исплаќа поради големата економска криза, истакна Игор Тасевски, одговорен во „Пејпар мил“. 

 Веќе бил направен план за уште 60 вработувања со проширување на производствениот процес во соседните погони на фабриката, каде првично требало да се инвестираат 1,5 милион евра, за во крајната фаза да се вложат околу пет милиони евра. Според Тасевски, најверојатно сето тоа нема да се реализира, затоа што фабриката не можела да работи на дневно-политичка основа.

Инаку, фабриката „Пеjпар мил“ беше посочувана како еден од главните загадувачи на воздухот во Кочани, поради што се одржаа повеќе граѓански протести. На крајот од минатата година Државниот инспекторат за животна средина и изрече казна од 20 илјади евра и нареди како енергенс за производтвениот процес наместо пелети да користи метан.

Т. Ајтовски

Сподели

©2021 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 715 гости и нема членови


web counter



qr code