Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kovid bolnica Kocani120.03.2021  Модуларната ковид болница во Кочани, прва во источниот регион, денеска беше предадена на користење и според министерот за здравство, Венко Филипче, веќе од понеделник ќе може да ги прими првите пациенти.

Објектот кој е сместен во кругот на Општата болница со проширена дејност во Кочани, има капацитет од 35 болнички кревети, од кои пет за интензивна нега на тешко болни, а располага и со неопходната опрема за дијагностицирање.

-Оваа болница е од големо значење со оглед што опслужува пациенти од целиот источен регион, тука доаѓаат пациенти не само од Кочани, туку и од Берово, Виница, Делчево, Пробиштип, Македонска Каменица и соседните општини. Во Општа болница беше инвестирано и претходно, независно од овој дел, веќе е набавен нов апарат за анестезија, стигната е и донација од јапонската амбасада за ехо апарат. Секако, и модуларната болница ќе биде опремена со дополнителен ехо апарат, со сите сонди, подвижен дигитален рентген уред што ќе служи за потребите не само на ковид центарот, туку и за другите специјалности, истакна министерот Филипче.

Додаде дека Министерството за здравство ќе помогне во обновувањето на дел од возниот парк за потребите на итната медицинска помош во кочанската болница, со оглед што за краток период таа остана без две возила што беа целосно оштетени во сообраќајни несреќи.

Во наредниот период за потребите на Општа болница ќе биде распишан оглас за нови вработувања на 50 лица, стручен и технички кадар.

Директорот на Општа болница со проширена дејност, Александар Серафимов нагласи дека новата модуларна болница заедно со болничките легла на другите одделенија, ќе овозможи проширување на капацитетот за прием на шеесетина ковид пациенти од регионот. Освен тоа, се очекува во одделот за интензивна нега наскоро да се инсталира опрема за централна кислородна поддршка.

Благодарност до Министерството за здравство за инвестицијата во модуларната ковид болницаупти градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев кој истакна дека нејзината изградба заврши во предвидениот рок, при штоОпштина Кочани ги обезбеди потребните технички услови, платформа со приклучоци за вода и канализација.

По предавањето во употреба на модуларната болница, членови на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани го пречекаа министерот Филипче, при што упатија критики за доцнењето во набавката на вакцини против Ковид-19, како и за кадровските, техничките и просторните недостатоци во Општата болница.

Т. Ајтовски
 
©2021 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 53 гости и нема членови


web counter



qr code