Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

407.06.2013 55 жени Ромки од Кочани се вклучени во проектот за доквалификација за Општините од Источна Македонија во кои е вклучена и Општина Кочани. Носители на проектот е Општина   Делчево, но во него се вклучени и Кочани, Виница, Штип, и Радовиш.

Формираната лоби група на Ромскиот информативен центар ги организира и информира жените Ромки од Кочани за работилниците. Имајќи предвид дека поголем процент од Ромките се без никакво или само основно образование и дека поголемиот број се зафатени со домашни обврски, целта на проектот е да им се каже дека и тие имаат право да се информираат за тоа како и на кој начин да отворат свој бизнис или барем да ги истакнат своите бизнис идеи, информираше Сабина Рамаданова, локален координатор на проектот од Ромскиот информативен Центар од Кочани.

Освен Ромскиот информативен центар во проектот се вклучени и Општина Кочани како и Агенцијата за вработување.

Во подготовките на проектот Ромскиот информативен Центар излезе на терен и ги информираше сите жени Ромки кои се невработени за почеток на проектот и за одржување на работилниците. Од испитаните 55 Ромки, 40 одговориле дека ќе присуствуваат на работилниците или обуките кои ќе се одржуваат, а 15 пополните прашалник дека сакаат да ги разбираат целите на проектот , како и да се информираат за начинот на кој ќе се одвива истиот и што би сакале да работат.

Со проектот за доквалификација се опфатени околу 120 жени Ромки од Општините од Источна Македонија, а целиот проект финансиски е подржан од ИПА програмата.

Т. Велкова

Сподели

21

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 48 гости и нема членови


web counter



qr code