Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Ucebna-Godina-Kraj07.06.2013 За 3068 основци и 1383 среднисти од Кочани заклучно со денешниот ден заврши учебната 2012 – 2013 година. Матуранти се 443. Основците и средношколците имаа 180 училишни денови, а матурантите за 14 помалку вкупно 166. Советниците за образование учебната година што измина ја оценуваат како успешно завршена.

-Генерално учебната година заврши успешно. Различни беа очекувањата на учениците, наставниците, локалната самоуправа и Министерството за образование , но можеме да констатираме успешен крај на годината. Инаку учебната година според календарот за основни и средно образование со вкупно 180 училишни денови завршува денеска на 7 јуни. Останува екстерното да заврши во понеделник, истакна Голубина Ѓеорѓиева, советник за образование во Општина Кочани.

За понеделник, 10 јуни, е предвидено последното екстерно тестирање. Екстерното оценување на знаењата на учениците кое годинава се спроведе прв пат беше обврска за сите основци и средношколци, освен за матурантите. Тие на 8 и 11 јуни ќе полагаат државна матура. Уписите на високообразовните установи и годинава ќе бидат во август.

Т. Велкова

Сподели

Ucebna-Godina-Kraj-1Ucebna-Godina-Kraj-3Ucebna-Godina-Kraj--4

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 53 гости и нема членови


web counter



qr code