Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Poskapuvanje-Hrana-107.06.2013 Црни се прогнозите за глобалното производство и фрапантниот раст на цените на храната. Драстично поскапување на храната за 40 % , прогнозира Организацијата за храна и земјоделски производи. Поскапувањето на храната е последица на зголемената побарувачка за храна. Цените на прехранбените продукти ќе пораснат за 40 %, а рапидно ќе расте цената на месото и на житарките. Причината за бавниот раст на производството и продуктивноста и затоа владите треба да изнајдат начини да им овозможат на земјоделците пристап до технологијата, за да се зголеми производството.

Влијание на цените имаат и факторите што предизвикуваат се побавен раст на земјоделските производи, а тоа се намалените плодни површини, поскапото производство и проблемите со климата. Ова се нови ценовни шокови за граѓаните на и онака намалената куповна моќ.

 - Ова е страшно. Незнам како ќе се живее. Па, и уште поскапува храната. Треба да се огледа куповната моќ на граѓаните, па да се оцени дали да се качуваат цените или не, револтирано реагираа анкетираните кочанци.

Експертите предупредуваат, Владата да работи на зголемување на земјоделското производство, бидејќи Македонија од година во година станува се поголем зависник од увоз на храна. Според статистиката , во првите десет месеци од 2012 во споредба со 2011 увозот на храна и живи животни се зголемил за 3,1%, додека најголем пораст на увозот од 13,4% е забележан кај животинските и растителните масла.

Т. Велкова

Сподели

Poskapuvanje-Hrana-4Poskapuvanje-Hrana-5Poskapuvanje-Hrana-3

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 60 гости и нема членови


web counter



qr code