Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

trsino23.09.2013 Жителите на село Трсино добија градинка за згрижување и воспитување на децата која беше отворена во саботата од страна на Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на Виница Емил Дончев.

Отворањето на градинката во Трсино е дел од проектот на Владата за отворање детски градинки во руралните средини.

Новата градинка е со капацитет да прими 30 деца и на површина од 150 метри квадратни има две занимални, тоалетен јазол и ходник, како и неопходната опрема и количина на играчки, донација од ресорното министерството и дел од фирмите и институциите. Досега се запишани само 10 деца, а со нив работи негувателка од Трсино и воспитувачка од Виница.

-Оваа година во планот на Министерството за труд и социјална политика се отворање на 14 градинки во рурални средини. Досега се отворени 8, остануваат уште 6. Од 2014 година ќе започнеме постапка за отворање на дополнителни 14 градинки во рурални средини , со што веруваме дека значително ќе го поттикнеме демографскиот развој и зголемувањето на наталитетот особено во Источна Македонија. Во план е отворање на градинка и во село Истибања, рече Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.

Имајќи во предвид ограничениот буџет на жителите на Трсино и стандардот на жителите во руралните населени места на прашање на мештаните дали Министерството за труд и социјална политика размислува за дополнителни бенефиции околу плаќањето на услугите во градинката, Спасов со одговор.

-Износот кој што е потребен да го платат родителите 1450 денари за престој во градинка не можеме да дадеме поддршка бидејќи најголемиот дел од средствата вработените во однос на блок дотации ги покрива министерството, рече Спасов.

-Очекуваме наредната година иста ваква градинка да добие и село Истибања и со тоа им овозможуваме на жителите на селата да можат да ги згрижат своите деца и да можат самите деца да се чувствуваат исто како децата од градот, истакна Емил Дончев, градоначалник на Општина Виница.

Отворањето на градинката претставува големо олеснување на родителите, но финансиски секој не може да си дозволи да го праќа детето во градинка, посебно ако има две или повеќе деца во предучилишна возраст. Затоа говори и податокот дека од 30 деца на предучилишна возраст колку што во моментов има во село Трсино засега се запишани само 10.

-Досега имаме запишано 10 деца, во наредниот период очекуваме сите 30 деца од селото да се запишат , рече Илија Јованов, директор на ДГ „Гоце Делчев“.

Градинката се наоѓа во објектот во ОУ „Никола Парапунов“ во с. Трсино простор кој досега беше во фаза на распаѓање. Целиот проект чини околу 2 милиони денари.

Т. Велкова

Сподели

trsino2trsino3trsino4trsino5trsino6trsino7 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 22 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/12°C
Сабота2°C/11°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 74 гости и нема членови


web counter



qr code