Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Trotoar-Reka

07.06.2013  Нов изглед ќе добие дел од тротоарот  од десната страна на реката. Раскопаниот  асфалт, на кој зјаат големи дупки  и пукнатини на реконструкција чека со години. Граѓаните повеќепати реагираа дека оваа пешачка површина покрај кејот е едно од препознатливите обележја на градот, заради што заслужува поголемо вниамние.

Од Локалната самоуправа најавуваат дека дошол редот и на овој потег, со должина од околу 350 метри. Неговото уредување било во рамки на градежната офанзива за поставување бехатон плочки во централното градско подрачје.

 - Деновиве ќе се отпочне со  реконструкција од десната страна  на Кочанска река, односно од  мостот кај Домот на културата, па се до Шопинг центарот. Можно е да се продолжи и понатаму со поставување нови бехатон плочки до триаголникот, рече Влатко Димитров, раководител  на Сектор за урбанизам.

Поставувањето бехатон плочки е планирано за да се добие целина со веќе започнатите активнсти за поплочување на шеталиштата околу кејот на реката. Освен естетски, реконструираниот тротоар ќе добие и функционални подобрувања.

- Постоечката асфалтна  површина ќе биде извадена, ќе  се постават нови т.н. градинарски  рабници. На сите места каде  што има пешачки премини ќе се изработат специјални премини во вид инвалидски рампи,со што ќе се олесни движењето на луѓето со инвалидитет, рече Димитров.

Делумна реконструкција, односно поправка на оштетувањата ќе се направат и на шеталиштето од левата страна на реката, во близина на Центарот за култура.

Од Општината велат дека се размислува за продолжување на уредувањето на тротоарот од десната страна на реката, на потегот од Водостопанство “Бегалница“ до градскиот плоштад. Иако тоа ќе влезе во планот за догодина, се најавува поплочување и на други пешачки површини во централното градско подрачје.

Т. Ајтовски

Сподели

Trotoar-Reka-7Trotoar-Reka-6Trotoar-Reka-4Trotoar-Reka-1

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок6°C/14°C
Сабота3°C/12°C
Недела-2°C/7°C
Понеделник-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 66 гости и нема членови


web counter



qr code