25.09.2013 Комисијата за спроведување на постапката за јавно наддавање објави оглас за организирање на традиционалниот кочански панаѓур по пат на јавно наддавање, кој годинава ќе се одржи од 18 до 23 октомври.
Почетната цена изнесува 500.000 денари без ДДВ. Јавното надавање е закажано да се спроведе на први октомври во 12 часот во просториите на КЈП „Водовод“.
Право на учество имаат сите регистрирани правни субјекти кои се регистрирани како правен субјект во Централниот регистар најмалку 2 години, кои немаат обврска спрема КЈП „Водовод“. Треба да уплатат 10 % од почетната цена објавена на лицитацијата во благајната на претпријатието најкасно до почетокот на јавното наддавање.
На веќе излицитираната цена закупецот има обврска да плати и 18 % ДДВ и 35.000 денари депозит за електрична енергија.
Исто така ќе има обврска да ја исчисти и подготви локацијата за непречено организирање на панаѓурот, да изврши монтажа на шест лимени бараки за обновување на угостителска дејност, да спроведе осветлување само на патеките и монтажните бараки, да обезбеди вода, санитарни јазли и истите да ги одржува чисти за време на панаѓурот.
Доколку лицитацијата е неуспешна организацијата на панаѓурот ќе ја превземе „Водовод“.
Т. Велкова