Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Kocanska-Reka 26.02.2013  Во изминатите 24 часа во Кочанско наврнале над 30 литри дожд на метар квадратен. Заедно со топењето на снегот на планините тоа го подигна водостојот во реките и ги преполни вештачките езера.

Водата од браната Гратче во текот на ноќта и изутрината истекуваше преку преливникот, а истовремено се испушташе и преку контролниот вентил, при што во Кочанска Река истекуваа по околу 11 метри кубни вода во секунда. Одговорните велат дека биле приморани на таков чекор за да може да се запре водата што дополнително доаѓа во сливот на Голема и Мала Река.

Нивото на Кочанска Река, на делот што протекува низ градот, во текот на ноќта и претпладнето беше во постојан пораст и практично го прекри целото корито.

Силната вода донесе поголем број трупци и друг материјал што се нашол на нејзиниот тек. За среќа, малото дрвено мовче што деновиве беше поставено во речното корито го преживеа налетот на водата.

Критично беше и во населбите во низинскиот дел, но сепак до излевање не дојде. Увид во состојбата со водотеците во општината изврши и екипа од Локалната самоуправа на чело со градоначалникот Димитровски, чија оценка е дека навременото чистење на речните корита придонело да нема поголеми штети за жителите на Грдовци, Долни и Горни Подлог и Мојанци. Поголема количина вода имало кај оранжерискиот комплекс кај Подлог, каде заради пропуштање на водата бил прокопан локалниот патен правец од Долни Подлог кон Облешево.

 Водата во долниот дел од Кочанската котлина најмногу надојде поради рушењето на дел од преградниот земјен ѕид на браната кај селото Пишица, Пробиштипско. Таму ситуацијата е алармантна и се размислува за евакуација на жителите на селото и околните маала.

- Наша обврска е пред се да го заштитиме населението од село Пишица и во тој правец се насочени и нашите заложби и заложбите на Локалната самоуправа да се изготват списоци и да се подготви евакуација на населението дали во соседните села согласно планските решенија на локалната самоуправа, рече Милан Харалампиев, раководител на одделение за заштита и  спасување Пробиштип.

Токму поради истекувањето на водата од браната кај Пишица критично ноќта и изутрината беше кај мостот на Злетовска Река на магистралниот пат Кочани – Штип. Високата вода стигна до самиот мост и во близина на коловозот, а се закануваше да ја ги оштети носечките столбови и поставената електронска инсталација. По чистењето на наталожените гранки и друг материјал водата почна побрзо да истекува и дојде до опаѓање на водостојот за околу половина метар.

Т. Ајтовски

Сподели

Kocanska-Reka-3Zletovska-Reka-5Brana-Gratce-1Brana-Gratce-11Brana-Pisica-1Brana-Pisica-2

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NE при 11 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 127 гости и нема членови


web counter



qr code