Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

fax2

07.06.2013  Технолoшко-металуршкиот факултет од Скопје и оваа година во огласот за запишување нови студенти планира бруцоши за дисперзираните студии во Кочани.

80 слободни места за старт во високошколското образование им стојат на располагање на средношколците од Кочанско и поширокиот регион. Сите тие ќе мжат да стекнат факултетска диплома на насоката за конфекциско инженерство. 40 од слободните места се во редовната квота со плаќање надоместок од 100 евра. По 20 места има за нови редовни студенти со кофинансирање и за вонредни студенти. Првите треба да платат 100, а вонредните 400 евра.

Минатата година беше покажан исклучително слаб интерес за запишување на овој факултет, односно во сите три уписни рокови се пријави само еден студент. Поради економичност на трошоците и неисплатливост за одржување на наставата, во практиката насоката за конфекциско инженерство во Кочани не заживеа.

Но, тоа и годинава не го поколеба Деканатот повторно да ја продолжи работата на дисперзираните студии кај нас. Оценка било дека текстилството е најзастапена стопанска гранка во источниот регион, па фирмите и во иднина ќе имаат потреба од високостручен образован кадар.

Сепак, конкуренција на дисперзираните студии на скопскиот ќе им прават студиите по текстилно инженерство на штипскиот  универзитет “Гоце Делчев“. Таму, за запишување на дисперзираната насока во Кочани се предвидени 40 слободни места.

Колку се реални ваквите планирања за сега е тешко да се каже. Ако се има предвид дека кај нас ќе може да се студира и на штипскиот Економски факултет, за што се предвидени 690 места, тогаш впечаток е дека на сите насоки можат да се запишат повеќе бруцоши отколку што има завршени средношколци.

Т. Ајтовски

Сподели

fax3fax1

 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок6°C/14°C
Сабота3°C/12°C
Недела-2°C/7°C
Понеделник-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 83 гости и нема членови


web counter



qr code