Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Vrabotuvanje-Opstina25.09.2013  Осум слободни работни места во општинската администрација ќе пополни Локалната самоуправа на Кочани со огласот што го објави во медиумите.

Шест позиции се однесуваат на ангажирање помлади соработници за кои не е потребно работно искуство, а две позиции се за советници за кои се бара минимум тригодишно искуство во струката. Работните задачи на кои ќе бидат ангажирани лицата се од различен карактер, односно бидат прераспределени во повеќе сектори во админстрацијата.

Објавувањето на огласот го сврте вниманието на дел од советниците на осмата седница, кои побараа објаснување зошто се ангажираат лица кога се бара ребаланс, односно намалување на средствата во Буџетот на Општината за оваа година.

- Она што го коментираат граѓаните е дека општинската администрација е пренатрупана, дека не е функционална и дека недоволно ги врши своите обврски на ниво на кое што треба да одговори. Значи, вие сакате со огласот да примите уште осум нови вработени, претпоставувам дека некои од нив ќе бидат во блиски роднински врски со некои од првите или раководните луѓе во оваа Општина, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.

Објаснување за објавениот оглас за вработување на нови државни службеници дојде од општинската администрација.

- Не станува збор за нови вработувања, туку за испразнети работни  места. Нема ниедно место што не е испразнето, тоа се 5 места поради заминување во пензија,  шестиот е на местото на еден починат, а пред една година се испразни и местото за градежен инспектор, односно имаше трансформација, постојниот стана урбанистички инспектор, а претходниот замина во пензија. Има само едно ново вработување што не е поради пензионирање, во делот на градежните инженери каде се чувствува слабост во службата, рече Петар Апостолов, секретар на  Општина Кочани.

Со  огласот е определена и основната месечна плата што ќе ја земаат нововработените, при што за соработниците е определено да примаат 20.170 денари, а двајцата советници по 24.000 денари. Огласот за пријавување на кандидатите е отворен до 1 октомври.

Т. Ајтовски

Сподели

Vrabotuvanje-Opstina-3Vrabotuvanje-Opstina-2Vrabotuvanje-Opstina-1

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 138 гости и нема членови


web counter



qr code