Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

provident-foods-group26.09.2013  Половина милион евра вложија домашни инвеститори од Виница и Горни Подлог, Кочанско во нов  производствен капацитет на компанијата “Провидент фудс груп“.

Фабриката ќе преработува и конзервира зеленчук и овошје, а според димензионираните капацитети е најголема од таков вид во источниот регион. Лоцирана е на влезот во Виница, а за производствените потреби адаптиран е постојниот објект на еден од партнерите во кој порано работел салон за мебел.

- Ние пробно започнавме пред еден месец, а од вчера и официјално стартувавме со работа. Во оваа фаза сме фокусирани на една сорта на пипер, таканаречен родео пипер, го преработуваме, го чистиме од семето и го ставаме во саламура како полупроизвод.

Суровината е комплетно од овој регион, значи стопроцентно македонска и имаме одлична соработка со голем број кооперанти, рече Томислав Горгиев, директор на “Провидент фудс груп“.

Според Горгиев, интересот кај невработените лица е голем, иако потешко се наоѓаат стручни лица, одговорни за процесот на конзервирање.

- За почеток вработуваме 100 луѓе кои се сезонски работници, во втората и третата фаза, со развојот на оваа фабрика  во комплетен конзервен капацитет, се надеваме дека ќе успееме да вработиме од 400 до 500 луѓе во постојан работен однос, додава Горгиев.

Пласманот на целокупното производтство е однапред обезбедено, се продава на познати купувачи, но во план е освојување и на нови пазари.

- Во моментов имаме договорени аранжмани во Италија, а работиме на проширување на пазарот во Франција, Германија, Холандија, Чешка и Словачка, заклучува Горгиев.

Младиот менаџер вели дека за заокружување на целата инвестиција планираат да вложат околу 3 милиони евра, а се размислува во иднина освен зеленчук да се преработува и овошје.

Една од главните цели на “Провидент фудс груп“ е да создаде сопствен трговски бренд, што како македонски производ ќе биде препознатлив на странските пазари.

Т. Ајтовски

Сподели

provident-foods-group2provident-foods-group6provident-foods-group4provident-foods-group7

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 84 гости и нема членови


web counter



qr code