Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

socijalen326.09.2013 Прокиснат кров, куќа која ќе се распадне во секој момент. Секојдневно со страв живее 55 годишната Горјана Симендиќ од Зрновци заедно со нејзиниот 15 годишен син Давид кој веќе три години не посетува настава. Поради условите и сиромаштијата честопати станува агресивен и ја напаѓа сопствената мајка. На училиште не оди затоа што нема свидетелства за завршено училиште во родната Германија. Горјана повеќе од 30 години живее и работи во Германија, каде била мажена со сега разведениот сопруг и го добиле Давид. Но, откако се развеле започнал нејзиниот тежок живот.

-Најголем проблем е тоа што син ми веќе три години не посетува училиште. Станува агресивен заради тоа. Тој мора да се дружи со другарчињата и мора да посетува настава. Немаме никаква поддршка , немам фамилија и нема кој да ми помогне. Детето не оди на училиште затоа што немаме документи за завршено образование во Германија, рече Горјана Симендиќ.

Горјана се обратила до градоначалникот на Зрновци Блаже Станков од каде добила еднократна помош и е благодарна на него. Се обратила и до Центарот за социјални работи во Кочани од каде и помогнале да направи документи да зема социјална помош за неа и за нејзиното дете од што и се прехрануваат. Горјана бара ако е можно детето да се смести и во интернат и да посетува настава , затоа што вака е оставено само, без другарчиња и наместо во училишните клупи времето го поминува талкајќи по улиците.

-Детето ако е згрижено во интернат јас би пробала и да работам. Вака не можам. Немаме ни основни услови за живот. Кровот е прокиснат, а страв ми е да не падне некогаш, ќе загинеме. Сакам да кажам и тоа дека детето кога одеше на училиште во Зрновци беше малтретирано од страна на другарчињата. Се обраќавме до полицијата која повеќепати реагираше и сега веќе не знаат што да прават. Јас молам ако може детето да оди некаде на друго место на училиште затоа што тука му вршат мобинг и психички го малтретираат, додаде Симендиќ.

Иако се разведени, сопругот извесно време им праќал пари за да го издржува детето, но прекинал да праќа. Сега е оставена сама на себе да се бори со мизеријата во која живее и да опстанува со своето дете, ден за ден.

Т. Велкова

Сподели

socijalensocijalen-1socijalen2socijalen-4socijalen-5socijalen-6

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 100%
Ветер: WNW при 2 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток1°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 96 гости и нема членови


web counter



qr code