Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kocani1227.09.2013  Дури 94 отсто од испитаниците во Кочани се изјасниле дека во нивната општина не постои пракса на запознавање на граѓаните со подготвениот предлог буџет пред истиот да биде усвоен, односно истиот се усвојува без одобрение на граѓаните.

Исто така, висок процент од 72 отсто граѓани тврдат дека Локалната самоуправа не ги запознава со содржината на донесениот буџет.

Такви се дел од резултатите од истражувањето за вклученоста на населението во процесот на донесување на одлуки и за буџетски процес на локално ниво, што ЕСЕ - Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените во РМ го спроведе во нашата и во општината Тетово.

Со истражувањето се опфатени вкупно 804 граѓани од кои 302 се од Кочани. 97% од испитаниците не знаат со колкав буџет располага Oпштина Кочани, и приближно толку испитаници, односно 95% никогаш не виделе како изгледа буџетскиот документ во кој е презентиран финансискиот план на Oпштината.

- Самото истражување покажа дека голем е процентот на испитаници во општина Кочани и во Тетово кои на пример не го знаат составот на Советот на Општината, кога се одржуваат седниците на Советот, не го следат неговото работење итн. Исто така, истражувањето покажа дека локалното население не е доволно запознато на кој начин се спроведува буџетскиот процес и немаат информации што понатаму откако ќе биде донесен буџетот, рече м-р Дарко Антиќ, координатор на Програмата за мониторинг  и анализа на буџети на ЕСЕ.

Според Антиќ, истражувањето на ЕСЕ покажало дека речиси половина од испитаниците или 47% тврдат дека локалната власт во Кочани делумно ги зема предвид потребите на граѓаните при планирање и реализација на општинскиот буџет.

Според изјавите на испитаниците, половина од нив рекле дека Општината ги консултира граѓаните само за време на локалните избори, а една третина од нив смета дека тоа се случува само за време на парламентарните избори.

Т. Ајтовски

Сподели

opstina2opstina

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NE при 9 kmh
Среда4°C/13°C
Четврток2°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 88 гости и нема членови


web counter



qr code