Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ric27.09.2013  Министерството за образование и наука со финансиска поддршка од Ромскиот образовен фонд од Будимпешта ќе додели 716 стипендии за ученици Роми кои посетуваат настава во средно училиште.

Од Кочани среднисти Роми што се редовни во наставата во двете средни училишта има околу 30. Од нив документи за добивање стипендии поднеле 11, но само двајца ги исполнуваат условите од кои меѓу другото се бара да имаат постигнат општ успех најмалку 3.00 во претходната година. Останатите се со просек под потребниот.

-Има голема заинтересираност за добивање стипендии, но за жал поголем дел не ги исполнуваат условите, а тоа е дека немаат просек 3.00.

Останатите документи кои треба да ги поднесат се потврда дека се редовни ученици во средно, заверено свидетелство од последната година, изјава дека сакаат стипендија, апликација која подигнува од ромскиот информативен центар и уверение за државјанство, рече Сабина Рамаданова, Ромски информативен центар .

Од канцеларијата на Ромскиот информативен центар во Кочани велат дека треба да се има предвид дека сите ученици Роми кои се запишани во средно потекнуваат од социјално загрозени семејства од неписмени родители што кажува дека тешко е да го достигнат бараниот просек. На тој начин што нема да добијат стипендија дополнително се демотивираат, додаваат од центарот.

Висината на стипендијата за првата категорија на ученици кои покажуваат многу добри и одлични резултати изнесува 2.200 денари месечно за девет месеци , а за втората категорија за ученици кои покажуваат добри резултати изнесува 1.500 денари месечно за девет месеци. Конкурсот трае до 4 октомври.

Т. Велкова

Сподели

ric2ric3ric4ric5ric6 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 100%
Ветер: WNW при 2 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток1°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 98 гости и нема членови


web counter



qr code