Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

koncert327.09.2013 Традиционалната македонска народна музика, познати ора и песни од типот на „Дафино вино црвено“, „Ајде ред се редат“, „Јано, Јанке“ имаше можност да слушне кочанската публика на концертот што го одржа народниот оркестар „Вез“ при ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ од Штип. Учениците се од класата на професорот Илија Ќосевски.

-Ова не им е прв настап на моите ученици. Во изминативе две години имаме настапувано во Хрватска и во цела Македонија. Сакам да истакнам дека овие се прекрасни деца бидејќи ако тие не ја продолжат да ја почитуваат македонската народна музика и македонскиот фолклор нема кој да продолжи. Јас се обидувам да ја изучуваат народната музика уште од седумгодишна возраст, истакна Илија Ќосевски, професор по народни инструменти.

Од народните инструменти се слушаа звуците на кавалот , тапанот, тамбурата. Девојчињата се претставија со изворно пеење кое е поразлично од традиционалното. Преовладуваше традиционалниот звук на пеење што го пееле старите во минатото. За комплетно да се зачува традицијата сите на сцената беа облечени во народни носии.

На народниот оркестар „Вез“ им претстојат настапи во Македонија и надвор од неа. Ќе настапуваат на „Пастрамалијадата“ во Штип, а на 30 октомври ќе настапат на светски познат фолклорен фестивал во Чешка.

Т. Велкова

Сподели

koncertkoncert2koncert4koncert5 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NE при 9 kmh
Среда4°C/13°C
Четврток2°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 92 гости и нема членови


web counter



qr code