Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

IPR10.06.2013  Источниот регион треба да добие  нов просторен план, како дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија. Целиот проект ќе чини околу 4 милиони швајцарски франци, од што една третина ќе финансира владата на Швајцарија.

Се работи за програма што во наредните 4 години ќе се спроведува на национално и регионално ниво. Од сите осум региони во Македонија, Источниот добива приоритет, заради што Центарот за развој на регионот е и стратешки партнер на Програмата.

На работна средба во Штип претставници од општините, од Агенцијата за просторно планирање и од Министерството за заштита на животната средина формираа координативно тело, кое ќе работи на подготовките за новиот просторен план.

- Предвидена е изработка на студии по посебни области. Тие ќе дадат одговор каква е ситуацијата сега и што треба да се менува. Така, ќе се потрудиме сите оние проблеми што се чувствуваат на овој простор да ги разрешиме со донесувањето на планот, а понатаму неговата разработка ќе оди на ГУП-ови у ДУП-ови, рече Виолета Дракуловска од Министерството за заштита на животната средина.

Заради поефикасно определување на приоритетите во Планот, освен координативното тело на ниво на регион, во секоја од општините ќе бидат формирани и посебни партиципативни тела.

Просторниот план на Источниот плански регион ќе се изработува во две фази, во што е вклучена и негова ревизија и стратешка оцена на влијанија. Пред донесувањето ќе се организира стручна и јавна расправа во општините, на која ќе учествуваат и бизнис и невладиниот сектор. Просторниот план како стратешки документ, треба да ја даде проекцијата за развој на регионот, и можностите за разрешување на прашања од областа на урбанистичкото уредување и на демографскиот развој.

Т. Ајтовски

Сподели

IPR 3

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок6°C/14°C
Сабота3°C/12°C
Недела-2°C/7°C
Понеделник-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 79 гости и нема членови


web counter



qr code