Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

oriz128.09.2013  Неколку специјалитети од ориз вкусија домаќините и гостите на дегустацијата во Кочани што ја организираше турската агенција за соработка и развој ТИКА.

Петнаесетте нови сорти се донесени од Тракискиот институт за ориз од Едрене, а во кочанскиот регион беа експериментално засеани на површините на Земјоделскиот институт и уште на дваесетина парцели на индивидуалните земјоделци. Оние сорти што ќе се покажат како најдобри ќе продолжат да се одгледуваат на оризовите полиња во Македонија.

- Од сортата или сортите што ќе се одберат со дозвола од македонското Министерство за земјоделство ние планираме догодина да донираме 26 тони семенски материјал. Тој ќе се подели овде во Кочани, а воедно ќе донесеме и 4 тони од други сорти што ќе ги испитуваат експертите од Република Македонија, рече Махмут Чевик, директор на турската агенција ТИКА.

Поддршка за воведувањето на турските сорти ориз во Кочанско даде и македонското Министерство за земјоделство.

- Ние ова што ќе го произведеме треба да ги задоволи стандардите на турскиот пазар кои со ова производство што го имаме не се задоволени. Од тие причини имаме проблем со пласманот, па ако ги исполниме условите, а не гледам причини тоа да не биде, затоа што проектот ќе се развива две години, ако го усвоиме начинот на производство и сортите на ориз, тогаш нам турскиот пазар ни е со ширум отворени врати, рече Љупчо Димовски, министер за земјоделство.

Македонско-турската делегација ги посети и парцелите на Земјоделскиот институт во Кочани, каде беа информирани дека вегетацијата на новите сорти ориз се одвивала без проблеми и тие добро напредувале. Се очекува жетвата ккај нив да започне 15-тина дена порано во однос на стандардната сорта “сан андреа“ што сега се сее во Кочанско.

Т. Ајтовски

Сподели

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

oriz3oriz2oriz4oriz7

 

 

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NE при 9 kmh
Среда4°C/13°C
Четврток2°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 87 гости и нема членови


web counter



qr code