Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

folklor30.09.2013 Освен во градот деновиве весело беше и по селата. Во истовреме фолклорни концерти имаше во сите месни и урбани заедници. Во село Тркање настапија фолклористите од Црна Гора заедно со нивните домаќини староградскиот ансамбл „Бели Мугри“ . Во Оризари концерт имаа фолклористите од Србија и етно групата од Турција заедно со нивните домаќини фолклористите од ансамблот „Љупчо Сантов“ . Во Зрновци пак настапија струмичани од ФА „Тримери“ , гостите од Унгарија и нивните домаќини ФА „Кочани“.

-Повеќето од нашите играорци се на возраст помеѓу 8 и 14 години, а најмладиот член има само 6 години. Ние често настапуваме во нашиот град Сигенсентмиклош , но излегуваме и надвор од државата. Многу работевме и имавме чести проби за настапот во Македонија и се надеваме дека уживавте во нашата изведба, рече Ева Идвег, раководител на ансамблот од Унгарија.

-Јас за прв пат сум во Зрновци и воодушевена сум од публиката која за цело време не го штедеше аплаузот. Задоволна сум и настапот на нашите фолклористи затоа што го дадоа максимумот од себе и во најдобро светло го претставија ансамблот „Тримери“, рече Софија Маќенаџиева , раководител на ФА „Тримери“ од Струмица.

Кочанци се преставија со Тресеница, Повардарие и Источна, а струмичкиот ансамбл за настапот во Зрновци одбараа три кореографии „Женско чамче“, „ Малешевка“ и „Копачка“.

Освен пејачката Сања Лефкова која со задоволство се претстави пред своите сограѓани во родното Грдовци, настапија фолклористите од КУД „Руен“ заедно со нивните гости од Турција.

Т. Велкова

Сподели

folklor2folklor3folklor4folklor5 

{baskbutton}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 100%
Ветер: WNW при 2 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток1°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 80 гости и нема членови


web counter



qr code