Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

penzioneri10.06.2013 Интензивни подготовки да се повтори или да се надмине ланскиот резултат - четврти во државата. Кочанските пензионери се подготвуваат за регионалните спортски игри кои на 15 - ти месецов ќе се одржат во Виница. Ќе учествуваат здруженијата на пензионери од општините источниот регион - Кочани, Берово, Делчево, Виница, Каменица и Пехчево.

-Во текот на минатиот месец имавме меѓуограночни и општински игри. Најдобрите ќе одат на регионалните игри . Ние веќе 20 дена интензивно се подготвуваме за регионалните , истакна Ѓорѓи Серафимов, претседател на Здружението на пензионери од Кочани.

Кочанските пензионери ќе се натпреваруваат во сите спортски дисциплини – влечење јаже, атлетика, стрелаштво, трчање мажи, трчање жени , скок од место, тробој, двобој, фрлање ѓуле. Тие ќе се одржат на виничкиот стадион.

Салонските игри - шах, пикадо, домино, табла ќе се одржат во зградата на домаќините во виничкото здружение. Отворањето е закажано во 9 часот во кругот на виничката гимназија кога се очекува да присуствува потпретседателот на Сојузот на здруженија на Македонија Методија Тошевски како и претседателот на комисијата на Сојузот Здравко Петровски. Регионалните спортски игри се многу значајни за пензионерите затоа што победниците од сите 8 региони од Македонија ќе добијат виза за учество на државното првенство кое ќе се одржи почетокот на септември во Штип. На регионалните игри ќе учествуваат околу 200 пензионери од регионот. Од Кочани се 40.

Кочанското здружение е во солидни односи со Здружението од Кавадарци и веднаш по завршување на регионалните игри ќе земат учество на одбележувањето на крвавиот настан во селото Ваташа, место каде се стрелани младите македонски патриоти од бугарските фашисти. Кочанските пензионери втор пат ќе учествуваат во нивната програма, а ќе положат и цвеќе на споменикот. Покрај тоа што се активни на држави рамки, кочанските пензионери излегуваат и надвор од државата. Во тек е пријавувањето за екскурзијата во Истанбул, Р. Турција. Ќе се оди преку агенцијата Кашиков од Штип. Од кочанското здружение истакнуваат дека може да се пријават до 100 пензионери од Кочани. Досега се пријавиле околу 30. Поаѓањето е закажано за 26 јуни во 18 часот.

-Три дена пензионерите ќе бидат сместени во одличен хотел со 4 ѕвезди, со обезбедени сите услови за нашите луѓе од третата доба за да можат да шетаат, уживаат и одморат. Ќе ги посетат најголемите знаменитости на Истанбул. Во програмата имаме планирано и крстарење по Босфорот, додаде Серафимов.

Екскурзијата ќе трае до 29 јуни. Серафимов истакна дека обезбедувањето на пензионерите за време на екскурзијата ќе биде на високо ниво. Штипската агенција ќе обезбеди со нив да патува лекар специјалист како и редовен и туристички водич.

Т. Велкова

Сподели

penzioneri2penzioneri3penzioneri5penzioneri6

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 62 гости и нема членови


web counter



qr code